Македонија во рамките на ЦЕФТА договорот за слободна трговија учествува во вкупната трговијата со околу 18 %, но тенденциите се тој процент во иднина да се зголеми. Ова го потенцираше министерот за економија, Ваљон Сараќини, по вчерашната средба во Скопје со претседателот на ЦЕФТА секретаријатот, Рената Витез и претставниците на стопанските комори во земјава. Тој нагласи дека на бизнис-секторот му била презентирана нашата амбициозна програма и како се реализира претседавањето на Македонија со ЦЕФТА за 2014 година. Македонија во рамките на ЦЕФТА учествува со трговија од околу 18 проценти од вкупната трговија, што мислам дека е сосема во ред, но во следниот период ќе работиме овој износ да се зголеми - му потенцираше Сараќини на бизнис-секторот, притоа укажувајќи дека земјава е амбициозна и во рамките на тоа поставени се неколку приоритети.
Македонија во рамките на ЦЕФТА договорот за слободна трговија учествува во вкупната трговијата со околу 18 %, но тенденциите се тој процент во иднина да се зголеми. Ова го потенцираше министерот за економија, Ваљон Сараќини, по вчерашната средба во Скопје со претседателот на ЦЕФТА секретаријатот, Рената Витез и претставниците на стопанските комори во земјава. Тој нагласи дека на бизнис-секторот му била презентирана нашата амбициозна програма и како се реализира претседавањето на Македонија со ЦЕФТА за 2014 година.
-Македонија во рамките на ЦЕФТА учествува со трговија од околу 18 проценти од вкупната трговија, што мислам дека е сосема во ред, но во следниот период ќе работиме овој износ да се зголеми - му потенцираше Сараќини на бизнис-секторот, притоа укажувајќи дека земјава е амбициозна и во рамките на тоа поставени се неколку приоритети.
Еден од нив е формирање на слободна трговска зона, а во рамките на тоа либерализација на трговијата на земјоделските производи и трговијата на услугите. Се очекува со Молдавија да се либерализира трговијата со земјоделски производи, со што во рамките на ЦЕФТА трговијата целосно ќе биде либерализирана.
За министерот втор значаен момент е што во наредниот период ќе се работи на елиминирање на нетарифните бариери кои се непотребни во оваа трговија. Истовремено, се поедноставуваат и процедурите во трговијата, ќе се креира конкурентна економска средина, но и ќе се интензивира регионалната соработка во однос на правата на интелектуална сопственост и јавните набавки.
- Трет приоритет на РМ е нашето интегрирање во глобалната економија, а четвртиот приоритет е одржување на синергија на ЦЕФТА секретаријатот и стратегијата за Југоисточна Европа 2020 година, при што ќе се засили и трговијата и инвестициите - смета Сараќини.
Според Витез, соработката во рамките на ЦЕФТА треба да се проектира до 2020 година, бидејќи улогата на ЦЕФТА е клучна во развојот и соработката во земјите од регионов, а тоа само носи економски раст како поединечно за секоја земја така и во рамките на регионот. Витез смета дека треба да се интензивира соработката на приватниот сектор со Владата и нејзините структури.
- Претставниците на приватниот сектор во Македонија се обврзаа до септември да ја информираат Владата за сите ланци на вредности и како да се работи на интензивирање на соработката во конкретни сектори за да има подобри резултати во следниот период - смета Витез.
Македонија, како претседавач на ЦЕФТА за оваа година, досега организираше осум средби, а за јуни претстојат уште три, каде што ќе се отворат многу прашања особено за подобрување на целокупната трговија меѓу земјите-членки на ЦЕФТА. Во втората половина од годинава активностите ќе продолжат, а на крајниот настан Република Македонија ќе раководи со конференцијата на којашто ќе бидат претставници на сите земји-членки на ЦЕФТА како што се Србија, Бугарија, Албанија, Македонија, БиХ.... Според Сараќини, на тој настан ќе се разгледаат сите можности како да се подобри меѓусебната трговија кај сите тие земји-членки.